🎥ВАКА ИЗГЛЕДА КОМПЕТЕНТНО РАКОВОДСТВО Маск го коментираше почетокот на преговорите на Вашингтон и Москва во Ријад
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков пристигнаа во Ријад за да учествуваат на разговори со американски официјални претставници.
Американскиот бизнисмен Илон Маск, коментирајќи го пристигнувањето на руска делегација во Саудиска Арабија на преговори со претставници на САД, го опиша потегот како пример за „компетентно раководство“.
This is what competent leadership looks like https://t.co/frZrdhsEzZ
— Elon Musk (@elonmusk) February 17, 2025
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков пристигнаа во Ријад за да учествуваат на разговори со американски официјални претставници.
По пристигнувањето во главниот град на Саудиска Арабија, Јуриј Ушаков за телевизијата „Русија 24“ изјави дека главната задача на руската делегација е почеток на вистинска нормализација на односите меѓу Русија и САД.
– Доаѓаме со сериозен пристап и подготвени сме за конструктивни разговори – рече Ушаков.
Од американска страна во преговорите учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио, претседателскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток Стив Виткоф.
Тоа ќе биде најзначајната средба меѓу САД и Русија од целосната инвазија на руските трупи во соседната земја пред речиси три години.
Разговорите во Саудиска Арабија означуваат уште еден важен чекор на администрацијата на Трамп за промена на американската политика на изолација на Русија и имаат за цел да го отворат патот за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавија американските медиуми.