ВЕЛЕШАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ЖЕНА ВО АЕРОДРОМ Жртвата пружила отпор и се спасила од напаѓачот, обвинителството бара притвор
Жртвата дала активен отпор, удирајќи со рацете и нозете и повикувајќи помош, по што напаѓачот излегол од возилото и избегал“, соопштија од Обвинителството.
Против 53-годишен жител на Велес е за започната истрага бидејќи се сомничи за обид за силување во скопската населба Аеродром, информираат од ОЈО Скопје.
Според обвинителството, осомничениот со употреба на сила се обидел да присили жена на полов однос, но жртвата се спротивставила, по што тој побегнал.
„Осомничениот, спротивно на јасно изразената волја на оштетената, применил физичка сила со намера да изврши полов напад. Жртвата дала активен отпор, удирајќи со рацете и нозете и повикувајќи помош, по што напаѓачот излегол од возилото и избегал“, соопштија од Обвинителството.
Јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот, укажувајќи дека постои опасност од бегство или прикривање, како и од влијание врз сведокот или повторување на делото. Судот треба да одлучи по барањето.