ТРАМП ДЕНЕСКА ЌЕ ОБЈАВИ НОВИ ЦАРИНИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК И НА АЛУМИНИУМ Ќе воведе и реципрочни царини за земјите кои му возвратија
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека новите царини ќе се надоврзат на постојните царини за челик и алуминиум.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25% за целиот увоз на челик и алуминиум во САД што ќе биде над постојните царини за металите.
Трамп, говорејќи пред новинарите во Ер Форс 1, исто така рече дека ќе ги објави реципрочните тарифи во вторник или среда, кои ќе стапат на сила речиси веднаш.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека новите царини ќе се надоврзат на постојните царини за челик и алуминиум.
Трамп во петокот објави дека ќе воведе реципрочни тарифи, зголемувајќи ги американските царини за да одговараат на оние на трговските партнери. Тој не ги идентификуваше земјите, но тарифите ќе бидат наметнати „за да бидеме подеднакво третирани со другите земји.