НЕМА ВЕЌЕ ЗЕМАЊЕ ПАРИ ОД УСАИД ЗА ДА СЕ КРИТИКУВА ОРБАН Унгарија ќе ги елиминира невладините организации и медиумите финансирани од странство
Растурањето на агенцијата е како прочистувачки воздух. Сите пари, кои доаѓаат од Америка, треба да бидат објавени јавно, а тие кои ги примаат треба да бидат казнети. Не можете да примате пари однадвор за да влијаете врз унгарската политика, кажа премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Унгарија ќе преземе правни дејствија за елиминирање на невладините организации и медиумите кои примаат пари од САД и од други меѓународни извори, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави АП њуз.
Орбан, кој е сојузник на Доналд Трамп, ја поздрави одлуката за растурање на УСАИД, тврдејќи дека со помошта што ја дава се финансираат организации кои сакаат да соборат влади.
– Сега е моментот кога тие меѓународни мрежи треба да се уништат и да се збришат. Неопходно е нивното постоење да се направи законски невозможно – изјави Орбан.
Орбан изјави дека луѓето кои работат за организации, финансирани од УСАИД, би требало да се сметаат за агенти.
– Растурањето на агенцијата е како прочистувачки воздух. Сите пари, кои доаѓаат од Америка, треба да бидат објавени јавно, а тие кои ги примаат треба да бидат казнети. Не можете да примате пари однадвор за да влијаете врз унгарската политика – кажа Орбан.