ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ Се проверуваат и цркви и манастири
Досега е најден само неговиот мобилен.
Продолжува потрагата по исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино, на кого му се губи трагата од минатиот четврток.
Од вчера по него се трага и со хеликоптер на МВР, а семејството повика да се бара и по цркви и манастири каде што можеби се засолнил.
Во потрагата се вклучени голем број доброволци меѓу кои и навивачката група „Винари“ чиј член бил Тодоров.
Досега е најден само неговиот мобилен.
Миле последен пат е виден минатиот четврток околу 10.30 часот кај селото Марена.
Неговото семејство смета дека тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино. Пред да исчезне дал отказ на работното место.
Доколку го видете пријавете во полиција.