УТРИНАВА ПРОНАЈДЕН ИСЧЕЗНАТИОТ ГОРАН РЕМЕНСКИ Службите користеле дрон со термална камера во потрагата
Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко пристапен терен.
Завршена е потрагата по исчезнатото лице Горан Ременски, откако утринава е пронајдено во месноста Тиса, во правец кон село Чалакли, соопштија надлежните служби.
Ременски кој бил пријавен како исчезнат, е пронајден жив и во стабилна состојба, по што е предаден на семејството.
Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко пристапен терен.
Потрагата била спроведена во реонот на Валандово, а интервенцијата завршила успешно во утринските часови.