МЛАД НЕГОТИНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОД ВИЛУШКАР 26-годишник бил удрен со машина од негов колега
Несреќата се случила вчера околу 14:55 часот кога 51-годишниот З.Б. управувал со работната машина - вилушкар и го удрил вработениот Б.И.
Млад неготинец, на возраст од 26 години, се здобил со тешки телесни повреди при работа во фабрика во село Дуброво, неготинско.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи – Велес, несреќата се случила вчера околу 14:55 часот кога 51-годишниот З.Б. управувал со работната машина – вилушкар и го удрил вработениот Б.И.
„Младиот човек бил веднаш пренесен во болницата во Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР – Неготино“, се вели во соопштението од СВР – Велес.