СКОПЈЕ НА НОЗЕ, ПРОТЕСТ ВО 13 ЧАСОТ ПРЕД „СИЛБО“ Граѓаните бараат правда за Фросина Ќулакова
Граѓаните, револтирани од трагедијата и судската пракса, преку социјалните мрежи повикаа на собирање пред пекарницата „Силбо“, барајќи правда и построги санкции за несовесните возачи.
Во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест на местото каде што загина 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин.
Граѓаните, револтирани од трагедијата и судската пракса, преку социјалните мрежи повикаа на собирање пред пекарницата „Силбо“, барајќи правда и построги санкции за несовесните возачи.
Исто така граѓаните на Неготино денеска ќе одржат мирен собир во чест на 22-годишната Фросина Ќулакова, која завчера трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје.
Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино и е организиран од граѓани кои, покрај тоа што ќе ѝ оддадат почит на Фросина, ќе испратат и силна порака – „Доста е!“. Тие бараат ригорозни мерки против несовесните возачи, поголема безбедност на улиците и крај на неказнивоста за сообраќајните прекршители.
Случајот предизвика лавина реакции во јавноста, откако беше обелоденето дека возачот возел под дејство на алкохол и ја прегазил младата девојка и покрај тоа што семафорот покажувал црвено светло. Протестот има за цел да испрати јасна порака за потребата од одговорност и заострување на казнената политика за вакви случаи.