ДВЕ ГОДИНИ ПО РАЗВОДОТ Поранешната сопруга на Кевин Костнер се сврши со неговиот пријател
Две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор - финансиер и поранешен пријател на славниот актер, пишува „Пипл“.
Неполни две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор – финансиер и поранешен пријател на славниот актер, пишува „Пипл“.
Според западните медиуми, парот се свршил на 26 јануари за време на интимна вечера на празна плажа во Калифорнија.
Бракот на Костнер и Баумгартнер, кој траеше 20 години, беше финализиран во мај 2023 година. Истата година, Кристин започна врска со Џош.
Пред 11 месеци ставија крај и на долгиот, бурен процес по разводот, при што на крајот, Кристин доби месечна алиментација од нешто повеќе од 60.000 долари.
Според пишувањата тогаш, Костнер и порано се сомневал во нејзиното неверство со Конор. Оскаровецот призна дека разводот му бил исклучително тежок, но имал силна поддршка од своите деца.