🎥 КРВОЛОЧНО КУЧЕ ИЗГРИЗА УЧЕНИЦИ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КОСОВО Шетало низ ходниците и не давало никој да му се доближи

Нападнатите ученици се од прво, второ, петто и од шесто одделение. Инцидентот го вознемири целиот училиштен колектив и родителите на учениците.

832

Во училиште во селото Широки кај Сува Река, Косово, утрово околу 9:40 часот, куче нападнало четири ученици, при што едно од нив се здобило со сериозни повреди.

Нападнатите ученици се од прво, второ, петто и од шесто одделение. Инцидентот го вознемири целиот училиштен колектив и родителите на учениците.






Медиумите објавија снимки од надзорните камери на кои се гледа како кучето се движи низ училишниот ходник.

Според информациите, кучето нападнало и полицаец кој интервенирал на местото на настанот. Полицаецот бил принуден да го употреби службеното оружје и го усмртил животното.

Поврзани содржини