СДСМ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ШТИТИ ГРУБИ Ништо не е сменето во партијата на Филипче, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

144

СДСМ се соучесници на Груби и на ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тоа што СДСМ и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани. На СДСМ наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде. СДСМ мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес. СДСМ е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче. Во СДСМ ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши. Сѐ додека СДСМ и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини