ШТЕКЛИ ОДИ ВО „ШУТКА“ Трајковски и уште 9 лица добија притвор од 30 дена

Трајковски и неговата група се сомничат за организирана продажба на наркотици низ скопските улици. Освен ризикот од бегство, истрагата покажа дека постои потенцијална опасност да влијаат на сведоците или да го повторат кривичното дело.

1,342

Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица добија мерка притвор од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје. Одлуката е донесена поради опасност од бегство, можност за повторување на делото и влијание врз сведоците. Тие се осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука за притвор за десет лица. Исто така, одреден е притвор за уште две лица кои се недостапни за органите на прогон. Притворот ќе се спроведе веднаш по нивното пронаоѓањe“, соопшти судот.






Трајковски и неговата група се сомничат за организирана продажба на наркотици низ скопските улици. Освен ризикот од бегство, истрагата покажа дека постои потенцијална опасност да влијаат на сведоците или да го повторат кривичното дело.

Случајот е дел од поширока полициска акција насочена кон разбивање на организирани групи кои тргуваат со дрога. Според обвинителството, групата делувала на повеќе локации во Скопје, користејќи сложени методи за дистрибуција.

– Дистрибуцијата на дрога во градот беше дел од добро организиран систем, а клучна улога во него имал Трајковски, кој е познат и од претходно по криминални активности – велат извори блиски до истрагата.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и се поврзува со низа кривични дела. Тој во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Долго време не беше точно позната локацијата на Штекли. На 10 декември минатата година на социјалните мрежи Штекли објави фотографија од богата трпеза за која тврди дека е во Белград. Тогаш се шпекулираше дека тој се наоѓа на краток престој во Србија.

Лани на 14 ноември во дворот на куќата на Шеткли во скопската населба Керамидница беше фрлена бомба. Штекли се здоби со повреди и беше итно пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Снимка од детонацијата се појави на социјалните мрежи. Се претпоставува дека направата била активирана со далечински управувач.

Во декември 2023 година обвинителство покрена истрага за автосалонт од Кочани и 18 лица кои криумчареле крадени луксузни возила. Меѓу нив беше и сопругата на Шеткли, српска државјанка со престој во Македонија.

Во 2011 година тој беше уапсен во Грција како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за случајот.

Поврзани содржини