ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА СЕ ПУШТИЈА ВО СООБРАЌАЈ 42 КИЛОМЕТРИ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА Николовски вели дека за првпат се работело ноќе, на дожд и на студ

Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт.

502
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во вестите на телевизија Канал 5, потенцираше дека во рекорден рок и успешно се завршени два експресни патишта Куманово-Страцин-Крива Паланка и делницата Градско-Дреново, што претставува доказ за посветеноста и работењето на Владата и создавањето на нова квалитетна патна мрежа.





Тој зборуваше и за бројните проблеми кои како министер ги наследи во реализацијата на овие два капитални проекти.
– Во рок од десет дена пуштивме 42 километри експресни патишта, нешто што досега не е видено во Македонија. На делницата Куманово-Страцин-Крива Паланка, од вкупно 25 км на 16,5 км немаше воопшто асфалт, проектот беше во фаза на замрзнување, еден од изведувачите беше заминат од државата, воопшто немаше работници на терен, а повлечен беше и надзорот на проектот. Успеавме да ги вратиме изведувачот и надзорот и првпат во Македонија видовме работа во зимски услови или работа на ниски температури и работа на дожд. Практично работевме речиси 24 часа и на тој начин успеавме да го завршиме патот и мислам дека ова е прв проект во Македонија што е завршен во предвидениот рок – истакна Николовски.
Тој додаде декаво однос на Градско -Дреново, ситуацијата била уште полоша.
– Таму ситуацијата беше очајна, недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши проектот. Косините воопшто не беа решени, имаше опасност да се спуштат две планини на трасата и изведувачот се спремаше за арбитража. Веќе имаше постапка со цел Македонија да оди на арбитража, значи ем да изгубиме арбитража ем да немаме пат затоа што година и половина претходната Влада не сакала да потпише два адендуми со ЕУ, Адендум 3 и 4 би ги решиле овие прашања, не ја формирале потребната Комисија. Ние ја формиравме Комисијата, за дваесетина дена тие почнаа да работат во месец август и веќе на 12 септември имавме потпишано се и ги обезбедивме овие средства. Затоа и амбасадорот кажа дека има национално кофинанисрање тие се тие средства. Таму рокот беше 31 јануари што значи дека завршивме некои петнаесетина дена порано, така што тоа беа проблемите. Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат – истакна вицепремиерот Николоски.
Поврзани содржини