🎥 НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ГАСНЕ, А КОЈ КРАДЕ Крадци ограбуваат куќи во пожарите во Лос Анџелес

Градоначалникот на Лос Анџелес предупреди дека „огнената бура“ продолжува да претставува значителна закана и покрај одреден напредок.

638

Претседателката на Надзорниот одбор на округот Лос Анџелес, Кетрин Баргер, порача дека се надева дека „ситуацијата се менува“ додека пожарите беснеат низ градот.

Таа ги предупреди сите разбојници дека ќе одговараат, додавајќи дека досега се уапсени 20 лица.






– Срам да ви е што ограбувате жртви во време на криза – нагласи Баргер.

Таа истакна дека градот Лос Анџелес и округот Лос Анџелес работат заедно на гаснење на пожарот.

Баргер потврди дека е отворено дополнително засолниште за оние на кои им е наредено да се евакуираат.

Градоначалникот на Лос Анџелес предупреди дека „огнената бура“ продолжува да претставува значителна закана и покрај одреден напредок.

Поврзани содржини