ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА Ѝ Е ПРИОРИТЕТ НА ВЛАДАТА Мицкоски најави пријатно изненадување во здравството

Во завршни преговори сме со две многу моќни европски држави со коишто имаме намера да потпишеме меѓувладини договори во коишто ќе бидат опфатени неколку проекти за финансирање во делот на транспортот, инфраструктурата, дигитализацијата и на здравството, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

222

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и дека таа останува еден од главните приоритети во здравствената инфраструктура. Тој најави дека средствата за реализација на овој, како и за неколку други проекти, ќе се обезбедат со финансиска поддршка од странство.

– Македонските граѓани ќе имаат едно големо пријатно изненадување што се однесува до здравствениот сектор во овој прв квартал од оваа година. Во завршни преговори сме со две многу моќни европски држави со коишто имаме намера да потпишеме меѓувладини договори во коишто ќе бидат опфатени неколку проекти за финансирање во делот на транспортот, инфраструктурата, дигитализацијата и на здравството. Во делот од здравството, се разбира наш приоритет од првиот ден на работа на оваа Влада е Клиничката болница во Штип. Тоа што сме го ветиле, што сме го кажале пред македонските граѓани, тоа и ќе го испорачаме – истакна премиерот Мицкоски.






Премиерот потсети дека во штипскo-радовишкиот регион ќе се реализира голем проект во енергетиката, со изградба на ветерен парк, во вредност од околу половина милијарда долари, а најави и уште една странска инвестиција во Штип. Во врска со изградбата на браната на реката Отиња, нагласи дека станува збор за тековен проект чијашто реализација се одвива според планот.

Поврзани содржини