ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Екстремната десница во Австрија доби мандат да формира влада

Обидите да се формира владејачка коалиција без екстремната десница пропаднаа во првите неколку дена од 2025 година, по што канцеларот во заминување, Карл Нехамер, завчера најави оставка. Партијата на Нехамер тогаш посочи дека може да биде отворена за соработка со Херберт Кикл, лидер на Партијата на слободата.

452

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска му додели на лидерот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл, мандат да формира влада, која ќе биде прва во таа земја предводена од екстремната десница по Втората светска војна.

Партијата на Кикл го зазеде првото место на парламентарните избори во септември, со 28,8 отсто од гласовите, престигнувајќи ја конзервативната Австриска народна партија на канцеларот во заминување Карл Нехамер.






Во октомври, Ван дер Белен му даде на Нехамер мандат за формирање влада, откако неговата партија објави дека нема да влезе во влада со Партијата на слободата додека ја води Кикл, а другите партии ја отфрлија можноста за соработка со екстремната десница.

Обидите да се формира владејачка коалиција без екстремната десница пропаднаа во првите неколку дена од 2025 година, по што Нехамер завчера најави оставка. Партијата на Нехамер тогаш посочи дека може да биде отворена за соработка со Кикл.

По денешната средба со Кикл, која траеше околу еден час, Ван дер Белен изјави дека го задолжил лидерот на Партијата на слободата да разговара со Австриската народна партија за да се формира нова влада.

Поврзани содржини