СИЉАНОВСКА НЕ СТАВИ ПОТПИС, СЕ ОГЛАСИ ВЛАДАТА Законот за заштита на децата ќе биде доработен

3,190

По непотпишувањето на указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вечерва од Владата информираа дека законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.

„Како Влада информираме дека законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури“, се наведува во информацијата од Владата.






Пратениците го изгласаа овој закон на 24 декември, со обично и со Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на указот, сега законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише указот.

Од Собранието за МИА потврдиле дека образложението на претседателката Сиљановска-Давкова е доставено на 31 декември.

„Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на аманданот 5 од Уставот и на Законот за употреба на јазиците“, наведува претседателката во образложението за одлуката да не го потпише указот за законот.

Поврзани содржини