СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО Татко усмрти син со ловечка пушка

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

771

Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.

– С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка,соопшти портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.






МВР подоцна информира дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н, информираат од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини