КОЈ Е ВО ПРАВО, А КОЈ ВО ЗАБЛУДА? „Анима Мунди“ го обвини заменик директорот на „Македонија пат“ дека убил мечка, а тој тврди дека мечката настрадала во сообраќајка

Од Здружението појаснуваат дека во државата мечката со закон е класифицирана како дивеч под заштита што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е трајно забрането а за убиство на заштитен дивеч следи затворска казна од 1 до 5 години. 

4,964

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска обвини дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго се фотографирал со застрелана мечка. Здружението најави дека ќе поднесе и кривична пријава и бара тој да биде разрешен од функцијата.

Дранго, пак, во изјави за неколку медиуми вели дека во лов на мечки бил во Финска, а мечката од фотографијата објавена од „Анима Мунди“ била удрена од возило на патот Битола-Ресен и тој само ја тргнал од патот и се фотографирал.






На една од  фотографиите кои ги објави „Анима Мунди“ се гледа дека Дранго носи и пушка со снајперски дурбин и стои покрај мртва мечка, во снег во шума.

Од Здружението појаснуваат дека во државата мечката со закон е класифицирана како дивеч под заштита што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е трајно забрането а за убиство на заштитен дивеч следи затворска казна од 1 до 5 години.

– Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането.  Дополнително, член 14 од истиот закон предвидува дека ловењето на мечката е трајно забрането, без исклучоци.  Според член 228 од Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како мечката, е казниво со затворска казна од една до пет години , цитира Здружението.

Дранго за ТВ Телма изјави дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа и најави дека случајот ќе мора да заврши со судски процес.

– Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста Ротино, Битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата – изјави Дранго.

 

Поврзани содржини