ВЕЌЕ НЕМА ДА ГЛЕДАТЕ ВО ЧАСОВНИЦИТЕ НА СЕКОИ 5 МИНУТИ Бесплатно паркирање во општина Центар за новогодишните и за божикните празници
На 1 јануари, 6 јануари и на 7 јануари 2025 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Паркирањето во Општина Центар, за време на новогодишните и божикните празници, ќе биде без наплата за сите граѓани.
Согласно Одлуката на претпријатието, на 1 јануари 2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и за издавање договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари 2025 година (четврток) со вообичаено работно време.
За време на божикните празници на 6 јануари (понеделник) и на 7 јануари (вторник) сите паркиралишта, со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и за издавање договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари 2025 година (среда) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето „Дилајла“ кое е со автоматска наплата.
Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар им посакува среќни новогодишни и божикни празници на граѓаните.