МАЛОЛЕТНИК ЗАВРШИЛ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ Момчето било удрено од автомобил
На 29 декември 2024 година, во 15.00 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат с.Сиричино кон с.Туденце, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(19) од с.Туденце, удрило во малолетен пешак, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во неделата, во село Туденце, тетовско, 19-годишник со автомобил удрил во малолетник кој завршил во болница со тешки повреди.
„На 29 декември 2024 година, во 15.00 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат с.Сиричино кон с.Туденце, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(19) од с.Туденце, удрило во малолетен пешак“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.