ОБВИНЕНИЕ ЗА ТРОЈЦАТА ДРВОКРАДЦИ КОИ НАПАДНАА ПОЛИЦАЈЦИ СО МОТОРНА ПИЛА И СО НОЖ Обвинителството побара притвор за двајца од напаѓачите

Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени како товараат нелегално пресечени дрва во приколка и се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но, осомничените ги нападнале полицајците со нож, при што на двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот полицаец му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.

203

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од ОЈО Велес, тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско, со употреба на сила и со сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи.






Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Полицајците се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.

За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

Според Кривичниот законик, тој што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне
службено лице и ако при извршувањето на делото се заканува со употреба на оружје или друго опасно орудие ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години.

Поврзани содржини