СДСМ И МВР ПОД СПАСОВСКИ ЗНАЕЛЕ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУБИ Молчеле за да не падне владата
ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДСМ дозволи тој да метастазира до невидени размери, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
СДСМ знаел за криминалот на Артан Груби со Државна лотарија, но не реагирале за да не падне владата, обвини денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
– СДСМ се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче.
И МВР под капата на СДСМ знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДСМ, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена – рече Лефков.
И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо, додаде тој.
– ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДСМ дозволи тој да метастазира до невидени размери. СДСМ е целосно виновен за грабежот кој го приреди Груби. Во СДСМ ништо не е сменето, истите луѓе кои беа на позиции додека Груби крадеше, на чело со Филипче, повторно се таму – рече Лефков.
СДСМ треба јавно да ги осудат Груби и Ковачевски, додаде пратеникот Миле Лефков.