СОЈУЗНИЦИТЕ НЕ ГИ ОДБИВААТ НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Мицкоски не гарантира успех, но гарантира дека ќе се бори за Македонија во ЕУ

Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме. Гледате што се случува кај нашиот источен сосед, 3-4 пати не може да се избере претседател на собранието и би било наивно и неодговорно нешто да гарантирам, но можам да ви гарантирам дека ќе дадам сè од себе за да направиме нешто за државата, вели премиерот Мицкоски.

444

Имаме јасен, принципиелен став базиран на аргументи, секаде го аргументиравме, пред сите светски и европски авторитети и никаде не слушнавме дека тие аргументи не се добри или дека се погрешни. Работиме и разговараме со сојузниците секој ден, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со очекувањата од неговите декемвриски средби во Брисел околу ставот за одложено дејство на уставните измени и вчерашната изјава на еврокомесарот Оливер Вархеи дека очекува Македонија што поскоро да ги отвори поглавјата од преговорите за членство во ЕУ.

– Ние работиме на дневна основа со нашите сојузници, ако не сме таму присутни, не значи дека не работиме. Телефонски разговараме на дневна основа апсолутно со сите. Еве, денеска е во Брисел министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и како прва земја во регионот потпишуваме договор со високиот претставник Борел за безбедносна и воена соработка со ЕУ. Прва земја. Први ќе ја добиеме траншата од Планот за раст. Сето она што седум години стоеше, чмаеше и само се мавташе со знаме и се  крадеше државата, сега се одглави. И сега сме повторно први и ќе продолжиме да бидеме први – рече Мицкоски.






Ќе работиме и нема да биде лесно, додаде тој.

– За жал, во надворешната политика седум години беше егзибиционизам и распродавање за да можат да крадат дома и да урнисуваат – рече Мицкоски.

Тој најави дека ќе биде во Брисел на 3 декември, на покана на новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а потоа на 18 декември ќе учествува на Самиот Западен Бакан и ЕУ.

– И повторно ќе се бориме. Дали, ќе успееме, не знам. Гледате што се случува кај нашиот источен сосед, 3-4 пати не може да се избере претседател на собранието. Би било наивно и неодговорно нешто да гарантирам, но можам да ви гарантирам дека ќе дадам сè од себе и ќе се бориме, за да успееме да направиме нешто за државата – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини