МУ ПУКАЛ ВО СТОМАК, ОСОМНИЧЕНИОТ ВЕЌЕ ЗАД РЕШЕТКИ Откриени деталите за крвавата престрелка на Брсјачка буна
Полицијата информира дека судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.
46-годишниот А.И. од Скопје се сомничи за обид за убиствто откако со пиштол му пукал во стомакот на Ш.М., исто така од Скопје.
Како што информираат од полицијата А.И. бил приведен на 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје.
„Лицето се сомничи дека на 14.11.2024 на ул. Брсјачка буна во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.