ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ МАЖ ВО ЦЕНТАР Полицијата ја истражува смртта на 53-годишниот скопјанец
Полицијата, во координација со надлежните органи, презема мерки за целосно расветлување на случајот.
53-годишниот А.С. од Скопје вчера во 14:20 часот бил пронајден починат во неговиот дом на подрачјето на општина Центар.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.
Полицијата, во координација со надлежните органи, презема мерки за целосно расветлување на случајот.