ТОА НЕ БЕШЕ КОНГРЕС, ТУКУ СРАМНА ФАРСА АЛА ТАРАВАРЧЕ Само Алијанса на Албанците на претседателот Зијадин Села може да свика конгрес

Ремзи Мехмеди од Алијансата за Албанците пред тетовскиот суд го оспори синоќешниот конгрес на партијата под раководство на Таравари како нелегитимен, затоа што, како што рече, Алијансата за Албанците има легитимен претседател, а тоа е Зијадин Села, како и легитимни органи, претседателство и легитимно централно собрание, а Таравари може да си формира нова партија.

271

Ремзи Мехмеди, потпретседател на Алијанса за Албанците (АА) од делот под водство на Зијадин Села,  денеска пред Основниот суд во Тетово го оспори вчерашниот вонреден конгрес на Алијанса за Албанците на претседателот Арбен Таравари и го нарече обид за манипулација.

– Вчера немаше конгрес на Алијансата за Албанците, ниту редовен, ниту вонреден, туку обичен спектакл ала Тараварче, срамна фарса, со цел да се манипулира со јавноста. Правата, обврските и правилата на однесување во рамките на Алијансата за Албанците се запишани во Статутот на Алијансата за Албанците. За да може вчерашниот собир да се нарече конгрес, учесниците требаше да имаат конгресни делегати избрани на редовниот конгрес на АА во 2022 година, кои се регистрирани во Основниот суд Тетово и чиј мандат според статут трае четири години, односно до 2026 година. За да се нарече редовен, одлуката за прогласување на редовен конгрес ја носи партиското собрание и таква одлука нема. За да бидат наречен вонреден, делегатите кои се делегирани и назначени од членството на АА мора повторно да бидат повикани – рече Мехмеди пред тетовскиот суд, каде се води постапка за тоа чија е партијата.






Вчера, додаде тој, немаше партиски делегати, но имаше луѓе, дури и од други партии, од кои голем дел се бореа со дух и  со слово против Алијансата за Албанците. Тие, рече Мехмеди, никогаш не биле нејзини членови и нема да бидат, туку беа стрелачки одреди кои заедно со Арбен Таравари го правеа последниот обид за егзекуција на Алијансата за Албанците.

– Секако дека нема да успеат. Член 25 од важечкиот статут го одредува начинот на кој се избираат делегатите на конгресот. Во отсуство на делегати нема конгрес, во отсуство на делегати нема легитимни или законски одлуки. Затоа вчерашната фарса останува фарса и ништо повеќе – истакна Ремзи Мехмеди.

Според него, со оглед на тоа што нема правосилна судска одлука, конгресот треба да се одржи со мнозинство од пријавените делегати во судот од последниот официјален и легитимен конгрес.

– Само ние го имавме ова мнозинство на четвртиот конгрес, каде за претседател беше избран Зијадин Села. Во меѓувреме, вчера, самиот Таравари призна дека одржал обид за конгрес. Затоа, апелираме до вас да не го злоупотребувате името на Алијансата за Албанците, бидејќи Алијансата за Албанците има легитимен претседател, господинот Села, има легитимни органи, претседателство и легитимно централно собрание. Го повикуваме Судот да го земе предвид тоа што го кажав погоре, важечките закони и статутот, документите и правилната листа на делегати и да не стане жртва на манипулациите и измамите кои се прават преку ваквите спектакли. Тие што се собраа вчера, од Таравари до останатите членови кои импровизираа дека нешто се избрани, не се легитимни и се разрешени од претходниот Конгрес. Може да свикаат конгрес за формирање нов политички субјект или да станат огранок на Мицкоски – рече денеска Ремзи Мехмеди, потпретседател на Алијанса на Албанците, од крилото на Зијадин Села.

Поврзани содржини