📽️ 📷 НЕВИДЕНА БЛАМАЖА НА КАМАЛА НА ИЗБОРНАТА НОЌ Дали Харис лажно се заблагодарува на гласач кој гласал за неа?
Но, екранот на телефонот не беше вообичаен приказ кога разговарате со некого, односно црвена и зелена слушалка, опција за звучник и број што се повикува или областна шифра, туку отворена апликација за фотографии.
Овогодинешниот кандидат за претседател на САД, Камала Харис на крајот ја загуби претседателската трка и не влезе во историјата како првата жена на чело на Америка.
Непосредно пред објавувањето на победата на Доналд Трамп, Харис се огласи на X (поранешен Твитер) за да им се заблагодари на сите што работеа напорно на кампањата. Но, снимката од Камала Харис како разговара со гласач по телефон, привлече внимание што таа сигурно не го сака.
На видеото Камала Харис држи телефон и наводно разговара со гласач, прашувајќи го: „Дали гласаше? Да! Ви благодарам многу“. Откако Харис му се заблагодари на гласачот од кого го добила гласот, таа го зеде телефонот и го сврте кон луѓето во салата за личноста со која разговараше да ги слушне извиците на поддршка.
Но, екранот на телефонот не беше вообичаен приказ кога разговарате со некого, односно црвена и зелена слушалка, опција за звучник и број што се повикува или областна шифра, туку отворена апликација за фотографирање.
Kamala Harris just pretended to call a voter, but then accidentally showed her screen. She was on the camera app 😂😂😂pic.twitter.com/3mLutxa6ZW
— Farid Khan (@_FaridKhan) November 6, 2024
Оваа снимка Харис веднаш ја претстави во лошо светло на социјалните мрежи, бидејќи многу корисници се сомневаат дека таа го лажирала разговорот.
Дали е можно сè уште да ја имате отворена апликацијата за камера додека разговарате со некого? Ја тестиравме оваа можност – во исто време беше воспоставен повик и паралелно ја отворивме апликацијата за фотографии и повикот продолжи правилно.
Значи, можно е Харис да го лажирла повикот, а исто така е можно и апликацијата за фотографии да била активирана за време на повикот. Во секој случај, видеото беше опишано како „невиден срам за претседателски кандидат“.