📷 МЕЛАНИЈА ТРАМП НА СЦЕНАТА СЕ ПОЈАВИ ВО КОМПЛЕТ ОД 6.000 ЕВРА По победата, со Трамп се држеа за раце и се бакнаа

По победата на американските избори за претседател Доналд Трамп, тој одржа победнички говор во Вест Палм Бич, а на сцената му се придружија неговите деца и неговата сопруга Меланија Трамп, која во еден момент ја држеше за рака и се бакнаа во образ.

2,235

Меланија, која е по потекло од Словенија, ќе ја повтори улогата на прва дама. Во претходниот мандат на Трамп, од 2016 до 2020 година, таа се истакна со својот едноставен и елегантен стил и изгледа дека ќе продолжи да го прави тоа.

Имено, Меланија на сцената се појави во сив комплет на францускиот бренд „Диор“. Таа се појави во сиво палто Марлен, кое чини 4.000 евра и сиво здолниште чија цена е 2.140 евра, а комбинацијата ја заокружи со црни чевли со високи потпетици, незабележителна шминка и пуштена коса со меки кадрици.

Фото: Принтскрин/Инстаграм 

Инаку, Трамп во својот говор ѝ се заблагодари на поддршката на Меланија и истакна дека таа е многу важна во неговиот живот, а им се заблагодари и на своите деца за поддршката и го пофали својот син Барон, кој го доби со Меланија.

Поврзани содржини