УКРАИНА ПОБАРАЛА ТОМАХАВКИ СО ДОСТРЕЛ ОД 2.500 КИЛОМЕТРИ Зеленски крои „План Б“ за победа
„Њујорк Тајмс“ објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побарал од САД ракетите Томахавк, кои имаат дострел од 2.500 километри, многу повеќе од која било ракета што Украина моментално ја поседува.
Украинското раководство е очигледно нервозно поради руското напредување на фронтот, бидејќи бара од САД ракети Томахавк долг дострел, вели портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
– Во светло на оваа динамика, режимот во Киев почнува да покажува значителна нервоза – рече портпаролот според кого во последните три месеци Русија постигнала најбрз напредок на фронтот.
„Њујорк Тајмс“ објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побарал од САД ракетите Томахавк, кои имаат дострел од 2.500 километри, многу повеќе од која било ракета што Украина моментално ја поседува.
Весникот пишува дека Зеленски е принуден да спреми „План Б“ откако челниците од Западот го игнорираа неговиот „План за победа“.
Неодамна Зеленски во САД и во Брисел го претстави „Планот за победа“, но делови од планот останаа тајна. Американскиот претседател Џо Бајден во септември го одби и барањето на Киев да му се овозможи да ги употреби ракетите Сторм Шадоу на руска територија иако британскиот премиер Кир Стармер даде начелна согласност.
Медиумите пишуваа и дека Пентагон не го одобрил „Планот за победа“.
Ракетите Сторм Шадоу се со среден дострел од максимални 250 километри.
Коментирајќи го планот, портпаролот на Кремљ рече дека без разлика дали плановите на Киев се тајни или не, тие „се сведуваат на фактот дека Киев целосно ќе ги вовлече западните земји во војна што е можно побрзо и ќе ја легитимира“.
– Сите три трикови ја имаат таа крајна цел. Така гледаме ние – додаде Песков.