ГО СЛЕДЕЛЕ МИЦКОСКИ СО ДРОНОВИ Премиерот најави одговорност за нарачателите
Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? - праша премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.
– До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се кренаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е сѐ во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност – изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.
Премиерот потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави театар од сето тоа како што правеше претходната власт.
– Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност – изјави Мицкоски.