АНТИКОРУПЦИСКА ПОЧНА ПОСТАПКА ЗА НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АНБ Ќе се испитува дали Бојан Христовски ги исполнува условите

ДКСК отвори предмет по анонимна претставка и ќе проверува дали новиот директор на Агенцијата за национална безбедност ги исполнува условите да раководи со институцијата.

578

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.

Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е  во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Подносителот ја оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба.






Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на АНБ минатата недела и оттогаш не пресрануваат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за партизирање на тајните безбедносни служби.

Христовски до лани  бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа бил вратен на работа во Министерството за внатрешни работи, по што се отчленил од партијата. Тој во медиумски настап потврди дека нема безбедносен сертификат „државна тајна“, а има сертификат „строго доверливо“. Рече дека по преземањето на функцијата ја почнал постапка да го добие  и сертификатот „државна тајна“. Во 2019  година водел постапка, но таков сертификат не му бил одобрен,  што Христовски го гледа како политичка пресметка со него од страна на претходната власт.

Поврзани содржини