ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЦРНА ГОРА, УАПСЕНИ СИНДИКАЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ Под лупа финансиите на полицијата и на тајната служба

Меѓу уапсените е Драгољуб Миловиќ, претседател на синдикатот на Агенцијата за национална безбедност. Приведен е и поранешен синдикален функционер на Полициската академија, а полицијата го проверува работењето на четири организации од безбедносниот сектор.

0

Голема полициска операција е спроведена во Подгорица, каде што е уапсен Драгољуб Миловиќ, претседател на синдикатот на црногорската Агенција за национална безбедност (АНБ). Акцијата е насочена кон финансиското работење на синдикалните организации во безбедносниот сектор, а покрај Миловиќ, приведени се и други лица.

Според црногорската Радио-телевизија (РТЦГ), полицијата го проверува работењето на синдикатите на Министерството за внатрешни работи, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност и Полициската академија.






Покрај Миловиќ, уапсен е и Жарко Мрдовиќ, поранешен раководител на синдикалната организација на Полициската академија во Даниловград, објави црногорскиот портал „Адрија“.

Според неофицијалните информации на истиот медиум, меѓу лицата што би можеле да бидат опфатени со акцијата е и Младен Шушкавчевиќ, претседател на синдикатот на Управата на полицијата.

Засега нема потврда дека Шушкавчевиќ е уапсен.

Истрагата, според неофицијалните информации, е поврзана со сомневања за неправилности во финансиското работење на синдикалните организации.

Поврзани содржини