СИ ЈА УДРИЛ 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА СО ТВРД ПРЕДМЕТ Приведен е жител на скопско село поради семејно насилство
На 19 октомври 2024 година во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село бидејќи претходниот ден, околу 22.30 часот, во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Жител на скопско село им се заканувал на своите жена и ќерка, а потоа ја нападнал ќерка си со тврд предмет.
„На 19 октомври 2024 година во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село бидејќи претходниот ден, околу 22.30 часот, во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.