БАБА ВЛЕГЛА КАЈ ВНУКОТ НА ЧАС И НЕДОЛИЧНО СЕ ОДНЕСУВАЛА Мајката пријавила во полиција

СВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.

473

Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла кај внукот среде час и недолично се однесувала кон него.

Мајката на ученикот го пријавила случајот во прилепската полиција.






„На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, 44-годишна прилепчанка пријавила дека во основно училиште во Прилеп во кое учел нејзиниот малолетен син влегла неговата баба и за време на час недолично се однесувала кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини