БЕБЕ ПОЧИНА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА Таткото кршел низ болничките ходници
Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле. Во двете здравствени институции починатото бебе било лекувано, а родителите тврделе дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската клиника.
Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле. Во двете здравствени институции починатото бебе било лекувано, а родителите тврделе дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската клиника.
Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на лекарите.
„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор“, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.