📽 „ТИ СИ МОЈАТА СИЛА, МОЈОТ ПАНЦИР…“ Синот на Лила го прослави 30-тиот роденден, водителката со емотивна објава

Филип денеска го слави 30-тиот роденден, а радосната вест Лила ја сподели на социјалните мрежи.

4,098

Познатата македонска водителка Лила Филиповска денеска има посебен, убав повод за славење. Нејзиниот син Филип денеска го слави 30-тиот роденден, а Лила ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

Лила со своите следбеници сподели видео на кое таа и Филип насмеани и прегрнати пеат и наздравуваат.






Заедно со видеото, Лила му посвети и емотивна објава проследена со емотикони со срце:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„За мене секогаш ќе останеш „моето дете“ иако денес полниш триесет години. Јас ти го дадов името, делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот! Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум. Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања… Среќен роденден Филип, моја љубов безусловна.“

Поврзани содржини