ДЕ БРУЈНЕ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНОТ? Нема да отсуствува долго, вели Гвардиола

Mислам дека нема да отсуствува долго време. Не можам да кажам точно колку време ќе му биде потребно и не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот со Њукасл, но нема долго време да биде во аут, рече актуелниот англиски првак Пеп Гвардиола.

88

Белгискиот фудбалер за врска Кевин Де Брујне наскоро ќе ги надмине проблемите со повредите откако го пропушти ремито на Манчестер Сити со Арсенал на домашен терен 2-2 изминатиот викенд, изјави денеска тренерот на актуелниот англиски првак Пеп Гвардиола.

Де Брујне се пожали на болки во препоните на натпреварот против Интер во Лигата на шампиони во средата. Следниот натпревар е против Ватфорд во Лига купот, а потоа Сити има средба со Њукасл во Премиерлигата.






– Mислам дека нема да отсуствува долго време. Не можам да кажам точно колку време ќе му биде потребно и не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот со Њукасл, но нема долго време да биде во аут – рече Гвардиола.

Поврзани содржини