📽 ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ ЈА СТАВИЛА КАРЛЕУША ВО СВОЈОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА „НЕТФЛИКС“ Објавено видео со двете ѕвезди од Париз
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша се појавува во третата сезона на реалното шоу на „Нетфликс“ - „Јас сум Георгина“ за свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша се појавува во третата сезона на реалното шоу на „Нетфликс“ – „Јас сум Георгина“ за свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.
Додека Јелена шета по пистата од минатогодишната Модна недела во Париз, во една сцена од шоуто, Георгина вели: „Леле, погледнете го ова. Колку добро одело има таа“. На тоа соработничката на Георгина вели: „Тоа е нејзино“, а свршеницата на Роналдо одговара: „Навистина?“.
View this post on Instagram
Јелена со тоа се пофали на социјалните мрежи.
„Никогаш не мислев дека ќе се видам случајно гледајќи „Нетфликс“. Ти благодарам Георгина за убавите зборови. Твојот документарец е неверојатен“, напишала Јелена покрај сцената во која се појавува.
Тие сцени на Георгина и Јелена се снимени во март на ревијата на Vetements во Париз. Потоа Георгина се прошета во дресот на Роналдо, а беше снимена како разговара со Јелена зад сцената.
Луѓето се убедени дека Георгина и открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира.
„Кристијано, уште една година и толку. Можеби две, не знам“, се слуша како вели на снимката.
По ревијата, Георгина и Јелена се заследија на социјалните мрежи. Карлеуша објави и фотографии од модната ревија, меѓу кои и е Георгина, која во коментарите и остави емотикон за срце.