ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД Ќе врне, ќе студи

2,940

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремено пороен дожд и со појава на грмежи.

Температурата ќе биде под просекот за овој период од годината и максималната ќе се искачи до 19-от степен.

До сабота, според прогнозите, времето ќе биде дождливо.

Поврзани содржини