„МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА Избрана е најповолната понуда
Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, соопшти Министерството за здравство
Избрана е најповолната понуда за набавка на компресорска станица за Клиниката „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за здравство.
„Ве известуваме дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда, со која е избрана понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас“, соопшти Министерството.