„ЕВРОПА Е ЛИЦЕМЕРНА“ Земјите од Западен Балкан во просек чекаат 14 години да влезат во ЕУ, но Унгарија е со нив, посочи Сијарто

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, оцени дека во Европа има лицемерие бидејќи еден дел од земјите-членки застапуваат различни ставови, имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан во просек чекаат 14 години за членство во ЕУ.

605

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека мирот и стабилноста на Балканот се приоритет за неговата земја која е и претседавач со ЕУ.

– Унгарија е земја претседавач со ЕУ, а мирот и стабилноста на Балканот се наш приоритет – изјави Сијарто на прес-конференција во Будимпешта по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.






Тој оцени дека „во Европа има лицемерие бидејќи еден дел од земјите-членки застапуваат различни ставови, имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан во просек чекаат 14 години за членство во ЕУ“.

– Ние оценуваме дека тоа е непринципиелен став – потенцира Сијарто, додавајќи оти заканите со санкции или каков било друг вид притисок треба да се остават настрана.

Тој се осврна и на соработката помеѓу Унгарија и Република Српска.

– Соработката меѓу Унгарија и Република Српска секогаш се заснова на почитување. Економската соработка е значајна и имаме успешна програма за развој на земјоделството. Обезбедивме 26,6 милиони РС за земјоделците – наведе Сијарто.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека ентитетот многу ја цени мирољубивата, отворена, транспарентна и толерантна политика на Унгарија.

– Го цениме фактот што не поддржувате на европскиот пат, но проблемот за нас е што во Босна и Херцеговина не се почитуваат Уставот на БиХ, ни Дејтонскиот мировен договор и оти има многу интервенционизам – истакна Додик.

Поврзани содржини