ПОЧИНАА ДВАЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ ОД „ИДРИЗОВО“ Едниот починал во ќелија, а другиот на Клиника

Од полицијата додаваат дека бил извршен увид од нивна страна, а по наредба на јавен обвинител телата на двајцата починати скопјани ќе биде дадени на обдукција.

1,951

Два смртни случаи во затворот „Идризово“ за речиси 24 часа. Еден од затворениците починал во затворот, додека другиот откако му се слошило бил пренесен во Клинички центар, но лекарите констатирале смрт.

Полицијата информираше дека вчера во 15.44 часот кај нив било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен П.С.(67) од Скопје. Според пријавеното, околу 14.00 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза”, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт.






Веќе утринава во 05.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О.(58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Од полицијата додаваат дека бил извршен увид од нивна страна, а по наредба на јавен обвинител телата на двајцата починати скопјани ќе биде дадени на обдукција.

Поврзани содржини