ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ БОРАТ СО СЕДУМ ЖАРИШТА! Вкупно 24 пожари на отворено, изгаснати се 15

Под контрола се пожарите меѓу селата Десово – Дреновци во општина Долнени и кај селото Глоѓи во општина Теарце.

113

Вкупно 24 пожари на отворено имало во текот на денешниот ден до 19 часот. Од нив, се уште активни се седум, два под контрола, а 15 изгаснати.

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, м.в.Кадиица – Оморани и селото Ораов Дол во општина Чашка, меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во општина Штип, како и меѓу селото Танушевци и месноста викана Рамно во општина Чучер-Сандево. Активни пожари има и во населбата Тризла во општина Прилеп, кај селото Теарце во истоимената општина, како и кај селото Вардино во општина Демир Хисар.






Под контрола се пожарите меѓу селата Десово – Дреновци во општина Долнени и кај селото Глоѓи во општина Теарце.

Поврзани содржини