ВОЗЕЛ ВЕЛОСИПЕД И МУ СЕ СЛОШИЛО 50-годишен скопјанец почина на улица

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

982

Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен  обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини