ДЕМОКРАТСКОТО ДВИЖЕЊЕ ГО ОДБЕЛЕЖА ПРВИОТ РОДЕНДЕН Имаме политичка сила која се прошири низ земјата, вели Меџити
Меџити рече дека е докажано дека се повеќе од партија - „ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени“.
Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето.
Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст.
– Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за промена. Но, ние верувавме и благодарение на заедничката посветеност изградивме консолидирана политичка сила, која веќе се прошири низ целата земја – рече Меџити.
Меџити рече дека е докажано дека се повеќе од партија – „ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени“.
– Докажавме дека нашето обединување може да триумфира над режимот кој две децении ја искористи нашата земја и нејзините граѓани. Денес, една година по основањето, Демократското движење е посилно и порешително од кога било за да го продолжи патот кон успешна иднина. И оваа годишнина ја одразува стабилноста, силата и вербата што ги изградивме заедно – рече Меџити.
Демократското движење е основано на 13 август 2023 година и е дел од коалицијата ВЛЕН, која учествува во владата, додека нејзиниот лидер Изет Меџити ја извршува функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.