ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА ГО „ОТКАЧИ“ ЗГОДНИОТ АКТЕР „Се однесува како идиот кога е пијан“

Американската пејачка Сабрина Карпентер (25) ја раскина врската со ирскиот актер Бери Кеоган (31) пред три недели бидејќи „не ѝ одговарал неговиот животен стил со чести излегувања и забави“.

358

Американската пејачка Сабрина Карпентер (25) ја раскина врската со ирскиот актер Бери Кеоган (31) пред три недели бидејќи „не ѝ одговарал неговиот животен стил со чести излегувања и забави“.

Парот го имаше првото јавно појавување во декември минатата година, кога беа забележани на ноќно излегување во Лос Анџелес. Но, изгледа дека нивната љубов им дошол крајот.






– Бери се однесува како идиот кога е пијан, а Сабрина станува сè пофрустрирана. Тој отсекогаш бил човек кој сака да се забавува и на Сабрина ѝ е преку глава од неговите лудории. Таа се искачува на топ листите и се стави себеси на прво место додека се подготвува за својата турнеја следниот месец – раскажал извор близок до двојката за таблоидот „Сан“.

Пред два месеци, Карпентер ја објави песната „Please, Please, Please“, во која пее за момче кое ѝ го нарушило угледот. Бери Киоган глуми во спотот на песната, во кој се појавува како осуденик зад решетки. Стиховите на песната гласат: „Те молам, не ме расплакувај токму сега кога се нашминкав толку убаво. Скршеното срце е едно, а моето его е друго. Те молам, те молам, те молам не ме срами“. Навидум алудирајќи на забавниот начин на живот на актерот, песната продолжува: „Каков ѓавол е внатре во тебе, не дозволувај да излезе вечерва“.

„Сан“ откри и дека Кеоган разговарал со својата поранешена девојка и мајка на неговото дете дека планира да стапи во брак со Карпентер. Актерот се раздели со медицинската сестра Алисон Киранс во јули минатата година, откако се забавувал и флертувал со други жени. Двојката го има двегодишниот син Брандо.

Карпентер во јули постави рекорд на топ листите во Велика Британија – стана првата пејачка која истовремено ги држи првото и второто место три последователни недели. Но, додека одлично ѝ оди на деловен план, очигледно не ѝ оди на приватно поле, бидејќи тогаш таа навести гласини за раскинување со објава на социјалната мрежа ТикТок.

„Се збогувам со него затоа што не бев негов изведувач број еден“, гласеше описот на објавата.

 

@sabrinacarpenter♬ please please please bridge – sar ꨄ︎

Поврзани содржини