Како тоа, Грците и Бугарите смеат да се „антички“ и од дедо Ное, а ние не смееме да бидеме тоа што сме – Македонци?!

Како тоа, ако овие територии отсекогаш биле нивни земји, во Вардарска Македонија скоро и да нема Бугари и Грци, а во Пиринска и Егејска има Македонци?

2,622

Грците смеат да тврдат дека безмалку истовремено по потекло се и Тракијци, Византијци, Ахајци, Спартанци, Тебанци, Атињани, Тројанци, Коринтјани, Криќани, Македонци и уште десетина други племиња/заедници/етноси.

Бугарите смеат да тврдат дека безмалку истовремено по потекло се и Тракијци, Даки, Пеонци, Мизијци, Скити, Келти, Римјани, Византијци, Словени, Илири, Авари, Хуни, Готи, Сармати, Турко-Бугари, наследници на Ное, на Атлантида, на Асирија, на Вавилон и нормално – Македонци.






А според горенаведените, ние, Македонците, не смееме да го тврдиме она што единствено го тврдиме – дека по потекло сме Македонци.

Истовремено, преку денешните граници на територија на Бугарија, веднаш до границата, има Македонци, во Пиринска Македонија. На територија на Македонија, веднаш до границата со Бугарија, има симболичен број Бугари, повеќето со пасош после 2007 година.

Преку денешните граници со Грција, во Егејска Македонија, има Македонци. На територија на Македонија, веднаш до границата со Грција, нема Грци.

Во Беломорска/Егејска Македонија, исто така (чудно, мајку му) ама нема ни нешто баш-баш Бугари, ниту пак секоја недела во селата на панаѓурите се пее „Минаха години“, туку „Македонско девојче“ и „Бисер балкански“.

Како тоа, ако овие територии отсекогаш биле нивни земји, во Вардарска Македонија скоро и да нема Бугари и Грци, а во Пиринска и Егејска има Македонци?

(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)

 

Поврзани содржини