И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ, ВРЕДИ НЕ ПОПУШТА „Албанска академија на науки и уметности мора да има“

На нов состанок на Вреди биле потврдени ставовите дека и покрај реакциите од македонска и албанска страна нема да се откажат од идејата за развивање на Академијата. Пред состанокот најавија дека решение ќе се барало заеднички во Владата.

515

Темата била чувствителна, но коалицијата Вреди не се откажува од идејата за паралелна Албанска академија на науки и уметности.

На нов состанок на Вреди биле потврдени ставовите дека и покрај реакциите од македонска и албанска страна нема да се откажат од идејата за развивање на Академијата. Пред состанокот најавија дека решение ќе се барало заеднички во Владата.






И покрај сѐ појасните спротивставени ставови во коалицијата за ваквата идеја, од Вреди велат коалицијата е стабилна.

За премиерот Христијан Мицкоски, МАНУ е единствената институција што ја обединува научната мисла.

Предлогот на Вреди го оцени како политички фолклор.

Од МАНУ побараа да не бидат дел од дневнополитички препукувања, но испратија порака дека во сите досегашни состави на Академијата имало и академици албанци, а во моментов и претседателот е од албанска националност.

Оттаму порачаа дека секаде во светот има само една Академија и членови на МАНУ се припадници на македонскиот народ и на сите етнички заедници.

Според образложението на Вреди, Академијата во првата фаза ќе се финансира од општински буџети, а ќе има за цел потичнување на научни истражувања.

Поврзани содржини