📷 „КОСОВО, МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА СЕ ЗА МЕНЕ АЛБАНИЈА“ Бебе Реџа дојде во Дебар и со изјавата предизвика лавина коментари

Бебе Реџа, британска пејачка со албанско потекло, настапи на првата вечер на фестивалот „Сани Хил“ кој се одржа Косово.

5,091

Бебе Реџа, британска пејачка со албанско потекло, настапи на првата вечер на фестивалот „Сани Хил“ кој се одржува Косово.

Беба Реџа оттаму се упатила да го посети родниот град на татка си во Дебар, Македонија.






Пејачката го посетила гробот на својот дедо и објавила низа фотографија. По објавувањето на Инстаграм предизвика бројни коментари.

– По 12 години се вратив во родниот град на татко ми во Дебар, Македонија. Повторното поврзување со моите корени и семејството беше длабоко емотивно. Посета на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб додека бев на турнеја. Семејството ми значи сè, а оваа посета ме потсети на важноста на нашите врски – напиша таа во описот на серијата фотографии што ги објави.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)


Сепак, Бебе Реџа не застана тука, додаде коментар кој предизвика хаос.

„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сите тие се моја Албанија“, напиша Реџа на Инстаграм.

Очекувано, овој коментар беше остро критикуван од корисниците на социјалните мрежи, а многумина потенцираа дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија, Црна Гора и Србија.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини